Бјелица потпиша за Голден Стејт

Српскиот репрезентативец Немања Бјелица од следната сезона ќе го носи дресот на Голден Стејт вориорс, а информацијата прв ја објави Адријан Војнаровски.

Бјелица пред крајот на минатата сезона од Сакраменто се пресели во Мајами, каде што не играше многу, па набрзо се раздели со екипата.

Бјелица во просек во НБА-лигата постигнува по 7,9 поени и 4,6 скокови, а досега одигра 378 меча.