Мурињо ќе извиси - Гвардиол ќе го продолжи договорот со Сити

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол наскоро ќе потпише нов долгорочен договор со клубот, кој ќе трае до јуни 2031 година.

Според Фабрицио Романо, преговорите се во завршна фаза и клубот е уверен дека наскоро ќе ја добие конечната согласност од 24-годишниот Хрват. Со недели се шпекулира дека Жозе Мурињо сака Гвардиол да биде доведен во Реал Мадрид и „белите“ се обидуваат да го убедат централниот дефанзивец да се пресели, но искусниот бек е убеден дека најдоброто решение во оваа фаза од неговата кариера е да остане на „Етихад“. 

Договорот ќе вклучува и значително зголемување на платата на Гвардиол.

Манчестер Сити плати 90 милиони за Хрватот од РБ Лајпциг пред три години. Оттогаш, тој има 122 настапи за „Граѓаните“, постигнувајќи 13 гола, станувајќи клучна фигура во тимот на Пеп Гвардиола. Заминувањето на вториот нема да влијае на иднината на Гвардиол.