Бизли се враќа во НБА-лигата, повеќе не е под истрага на ФБИ

Малик Бизли е познат по неговото проблематично однесување, поради кое заврши и зад решетки, а беше под истрага и на ФБИ, меѓутоа сега повторно може да му се врати на спортот.

Зад одличниот бек е една од најдобрите сезони во кариерата, откако во дресот на Детроит пистонс постигнуваше по 16,3 поени по натпреваро.

Сега е слободен агент, а неговите менаџери соопштија дека ѝ се враќа на кошарката затоа што не е под истрага на ФБИ.

Бизли пред пет години мораше да отслужи затворска казна од 120 дена поради тешко насилство, а го суспендираше и НБА-лигата на 12 натпревари.

Фото: EPA PHOTO