Бизарност на деценијата: НБА тимови договорија трејд, ама на – погрешен играч! (ФОТО)

Неверојатно бизарна приказна се случи во преговорите за замена на кошаркари помеѓу три НБА-тима и тоа Феникс санс, Мемфис гризлис и Вашингтон визардс, која дефинитивно ќе се раскажува во следните години.

„Сонцата“ сезонава се убедливо најлош тим во лигата, поради што сакаа да се отарасат од најскапо платениот во својот состав, Тревор Ариза, кој заедно со неколку драфт-избори на „гризлите“ требаа да заминат во главниот град на САД. Во Аризона, пак, требаа да дојдат Остин Риверс, Вејн Шелдон и Дилон Брукс додека Кели Обри јуниор требаше да заигра за Мемфис. Бо, договорот неочекувано пропадна поради неверојатна грешка на Феникс и Мемфис, кои мислеле на - погрешен играч. Санс мислеле дека ќе го добијат Дилон Брукс, додека „гризлис“ сакале да се ослободат од Маршон Брукс, двајца кошаркари со исто презиме во нивната екипа.

Поради ова, трејдот помеѓу трите екипи пропаднал, но Ариза, сепак, заврши во Вашингтон во замена за Остин Риверс и Кели Обри јуниор додека Мемфис остана надвор од договорот.