Билет за комеморацијата на Коби Брајант и Џијана со симболична цена

Комеморацијата за Коби Брајант и неговата ќерка Џијана, кои загинаа во хеликоптерска несреќа минатиот месец ќе се одржи во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес на 24 февруари. 

Овој датум беше одбрани бидејќи ги симболизира бројките на дресовите кои ги носеа Коби (24) и Џијана (2). Лос Анџелес лејкерс денеска ги објавија цените на билитетите за комеморацијата и тие исто така имаат симболика.

Најскапиот билет ќе чини 224 долари, два билети од средна класа исто така можат да се купат по цена од 224 долари, а најефтините билет изнесуваат 24,02 долари. Сите пари собрани од билетите ќе одат во хуманитарната фондација на семејството Брајант, која сега се преименуваше во „Мамба и Мамбасите спортска фондација“.

Тие што нема да успеат да дојдат до билети за влез во арената ќе можат да ја следат комеморацијата на големи видео-бимови надвор пред „Стејплс“.