Беден потег од фановите на Лејкерс: Заработуваат на смртта на Коби Брајант!

Светот се уште е во шок поради смртта на легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант, кој вчера загина во хеликоптерска несреќа.

Верните навивачи на Лејкерс можеби се најпогодени поради трагедијата, бидејќи Коби целата своја кариера ја мина во овој клуб, но има и такви кои заработуваат од смртта на славното кошаркарско име.

Поедини „навивачи“ во последните неколку часа ги продаваат своите билети по енормно високи цени за наредниот меч на Лејкерс кој ќе се одигра на домашен терен. Знаејќи дека во наредните денови буквално сите во Лос Анџелес сакаат доследно да ја испратат својата легенда на овој свет, одредени навивачи гледаа да заработат со продажба на билетот за мечот кој има посебно значење во „Градот на ангелите“.

Според тамошните медиуми, најдефтините билети биле продавани за цена од 1.200 долари за еден, а најскапите достигнувале и цена од 28.000 долари. Само за споредба, најефтиниот билет пред смртта на Коби чинеше 84 долари, додека најскапиот можеше да се купи за 6.000 долари.