Атланта направи историски пресврт, Клиперс газат и без повредениот Ленард (ВИДЕО)

Кошаркарите на Атланта хокс и на ЛА Клиперс се на чекор до пласман во конференциските финални пресметки, откако ноќеска, како гости, славеа во петтите дуели од сериите со Филаделфија севентисиксерс (109-106) односно Јута џез (119-111) за водство од 3-2 во победи.

„Јастребите“ буквално излегоа од бездната и го направија четвртиот најголем пресврт во историјата на НБА, откако во неколку наврати беа во негатива од 26 поени. Во последниот период влегоа со минус 18 (69-87), но заиграа фантастично и со серија 15-0 дојдоа до водство кое не го испуштија. Досега, во само три од вкупно 479 средби се случило екипата да се врати откако била во вака голем минус по 36 минути од играта. Филаделфија, пак, досега ги добила сите 165 средби во кои водела со најмалку 25 поени разлика. Тре Јанг со 39 поени беше најефикасен кај гостите, додека Ембид даде 37 поени и 13 скока за „сиксерс“.

Третиот период, пак, се покажа како клучна за триумфот на „клиперси“, откако ја добија со 32-18 за прво двоцифрено водство (92-82), кое се покажа доволно за големиот успеј, остварен без повредениот Каваи Ленард. Во негово отсуство, Пол Џорџ беше незадржлив и заврши со 37 поени и 16 скока, додека кај Јута најпрецизен беше Богдановиќ со 32 поени.