Антетокумпо е МВП, а Дончиќ „руки“ на сезоната во НБА-лигата (ФОТО)
Освен Антетокумпо, награда доби и младиот словенечки кошаркари, односно за „руки“ на сезоната беше избран Лука Дончиќ, на кого ова му беше прва сезона во најсилната лига во светот.
"This is just the beginning..."
— NBA (@NBA) June 25, 2019
An emotional @Giannis_An34 accepts the #KiaMVP! #NBAAwards pic.twitter.com/5LhQFA81AV
Словенецот имаше одлични настапи за Далас маверикс и покажа дека станува збор за неверојатен талент, па заслужено беше избран за најдобар „руки“ минатата сезона и доби 98 од 100 можни гласови.
🙏THANK YOU🙏 pic.twitter.com/PsNzx0xHPK
— Luka Doncic (@luka7doncic) June 25, 2019
За тренер на сезоната беше избран Мајк Буденхолцер, додека американскиот кошаркар Лу Вилијамс ја доби наградата за шести најдобар кошаркар.
Наградата за најдобар одбранбен кошаркар му припадна на Руди Гобер, додека Паскал Сиакам ја доби наградата за кошакар, кој најмногу напредувал. Исто така за најдобар момент во НБА беше избран мечот во кој Дерик Роуз постигна 50 поени.