
Звезда го плати цехот на ужасниот старт, „кралевите“ се радуваа во Белград
Мечот за домаќините денес не започна добро и црвено-белите ја одиграа една од најлошите четвртини сезонава. Не успеаа кошаркарите на Звезда дојдат ниту до двоцифрен број на поени, па Реал по тој период водеше со 9-22.
И таа прва четвртина на крај се покажа како одлучувачка во мечот бидејќи Звезда во наредниот период го крена нивото на игра, меѓутоа не успеа целосно да ја надополни негативата. На крајот „кралевите“ победија со пет разлика.
Таварез со 14 и Кампацо беа најдобри кај мадридскиот гигант, додека за Звезда Милер-Меиктајер уфрли 24 поени.
На останатите средби кои се играа денес: Ефес беше подобар од Макаби со 90-88, Фенербахче ја доби Басконија со 82-77, Виртус ја прегази Алба со 64-109 и Париз забележа триумф кај Панатинаикос со 98-101.