За малку тепачка на мечот меѓу Србија и Австралија - Гудуриќ и Гиди се фатија за гуша (ВИДЕО)
Кога веќе беше јасно дека „кенгурите“ ќе слават, во клинч се најдоа Марко Гудуриќ и Џош Гиди откако австралискиот кошаркар го собори на паркетот противничкиот играч.
Дојде до кошкање и гужва на теренот и во еден момент се чинеше дека ќе дојде до масовна тепачка, но останатите играчи беа посмирени и преовлада разумот на двете страни.