Ужасно: Мадар по ударот со паричка би можел да го загуби видот на едното око!?

Наместо одлична кошарка, главен впечаток од завчерашното истанбулско дерби помеѓу Бешикташ и Фендербахче беше тешкиот инцидент предизвикан од дел од домашните навивачи, меѓу кои еден од нив со паричка од трибините го удри плејмејкерот на гостите, Јам Мадар, и тоа милиметри над окото и му нанесе расекотина.

По лекарската помош, израелскиот плејмејкер го продолжи мечот, но сега има проблем со видот, објавија од неговиот клуб.

„Во првото полувреме од мечот против Бешикташ еден од многуте фрлени предмети од трибините го погоди во глава нашиот кошаркар Јам Мадар. Нашиот играч, кој во овој дел од натпреварот мораше да оди во соблекувалната, продолжи да го игра второто полувреме по интервенцијата на докторот и неговата силна желба да се врати во игра. Но, по средбата тој се пожали на делумно губење на видот. Состојбата на Мадар ќе биде јасна по дополнителните прегледи. На Мадар му посакуваме брзо закрепнување, со надеж дека ќе закрепне во целост“, се вели во соопштението на Фенербахче.

Израелецот минатото лето се пресели во Истанбул и тоа од таборот на Партизан, со кого немаше баш пријателски раскин на соработката.