
Урнебесно: Партизан прв направи прекршок „преку блутут“ во историјата на Евролигата (ВИДЕО)
Клучниот момент се случи во последната минута, кога Аргентинецот Леандро Болмаро тргна во контра и падна без контакт со противнички играч. Иако повторувањето јасно покажа дека самиот се сопна, судиите досудија лична грешка за Џабари Паркер, кој мораше да го напушти теренот поради петти прекршок. Одлуката беше окарактеризирана како еден од најбизарните „бесконтактни“ фаули во историјата на кошарката – прв преку блутут според модерниот дигитален речник
По овој потег, Болмаро погоди две слободни фрлања и го намали водството на Партизан, а во наредниот напад се приклучи и Марко Гудуриќ со поени. Сепак, неговиот обид за тројка за победа не беше успешен, па српскиот шампион го задржа триумфот.