
Уникс ја продолжи кризата на Барселона, Реал Мадрид е нов лидер во Евролигата
Барселона одигра добро прво полувреме во кое имаше негатива во првата четвртина со 14-17, но потоа го сврте резултатот во своја корист и на паузата замина со 35-31.
Водството на каталонската екипа траеше до средината на третата четвртина (41-39), по што Уникс Казан ги презема работите во свои раце и не ја испушти предноста до крајот на дуелот (70-64).
Најдобар во екипата на Уникс беше Браун со 22 поени, три скокови и осум асистенции, додека Хигинс за Барселона постигна 17 поени и по еден скок и асистенција.
Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Берлин, каде што на домаќинот му дозволи само на почетокот да води со 13-12, но потоа шпанскиот гигант го наполни нивниот кош за предност од 48-36 на полувреме, а до крајот без многу мака ја одржуваше предноста и славеше со 89-74.
Најдобар кај германскиот тим беше Лу со 21 поен, пет скокови и две асистенции, додека на спротивната страна Томас Ертел постигна 17 поени, еден скок и седум асистенции.
Останати резултати:
Фенербахче – Жалгирис 73-67
Зенит – Монако 77-86
Макаби Тел Авив – Олимпијакос 84-69