Трет пораз по ред за Хувентуд: Димитријевиќ постигна 10 поени против Гран Канарија

Хувентуд никако да ја прекине лошата серија во шпанската лига, а денеска загуби од Гран Канарија (85-96) и тоа беше нивни четврти пораз во последните пет натпревари.

Гран Канарија добро го отвори мечот и ја доби првата четвртина со 28-22, по што Хувентуд се освести и успеа да се врати во игра, а на полувреме замина со водство од 45-44.

Во вториот дел домаќините не му дозволија на Хувентуд да го диктира темпото на натпреварот, па ја со одлична завршница на мечот триумфираа со 96-85.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра 18 минути за Хувентуд и постигна 10 поени и две асистенции.