Тренерот на Реал Мадрид се расплака во Каунас, го скрши говорот на Таварез (ВИДЕО)
Но, „кралевите“ собраа сили и покрај сите повреди и казни, наредија пет победи во низа, три над црно-белите и против Барса и Олимпијакос на фајналфор-турнирот во Каунас и дојдоа до 11. трофеј во Евролигата во клупската историја. Тоа беше причина за емотивната реакции со солзи на тренерот Чус Матео, кој многу пати сезонава беше сменуван и критикуван од јавноста, но кој издржа до самиот крај. Неговите солзи беа предизвикани од зборовите на центарот Валтер Таварез, кој беше избран за МВП на завршницата.
„Единствено што можат е да му честитам на овој човек до мене. Сите заслуги се негови. Веруваше во нас и кога никој друг не го правеше тоа. Го заслужува овој трофеј повеќе од било кого друг. Он е еден од најдобрите луѓе кои сум ги запознал во животот и медиумите треба да покажат почит кон него. Имаме многу 'алфа мажјаци' во нашиот тим и не беше лесно да се излезе со нас оваа сезона, но тој успеа во тоа. Вие новинарите мора да му се извините. Он е наш шеф и секогаш кога ќе се спомене оваа титула мора да се каже и неговото име“, изјави Таварез.
Реал беше на работ од бездната и во големото финале, кога имаше минус шест (72-78) на стотина секунди до крајот, но следуваа седум поени во низа на „кралевите“, кои кулминираа со чудесниот кош на Серхио Љуљ на три секунди до крајот.