Трагедија во Англија: Загинаа тројца кошаркари – со автомобил се забиле во зграда!
Животите ги загубија Макaјл Бејли (22), Ентони Хиберт (24) и Далјанг Вол (22), членови на кошаркарскиот тим Есекс Ребелс, како и студентката Ева Даролд-Чикаја (21). Несреќата се случила кога нивното возило изгубило контрола и удрило во зграда, а сите четворица починале на самото место. Според Универзитетот во Есекс, Хиберт и Вол биле дел од машкиот кошаркарски тим, додека Бејли бил член на тимот на Британските универзитети и колеџи. Даролд-Чикаја била активна во повеќе универзитетски клубови, особено во танчерскиот клуб Есекс Блејдс.
Проректорката на универзитетот, професорката Марија Фасли, изрази длабока жалост, нагласувајќи дека целата академска заедница тагува по загубата на овие млади таленти.