Тотално лудило: Израел не сака италијански судии за да не им донесат – коронавирус!

Сè повеќе новиот коронавирус кој почна да се шири низ Европа му прави проблеми на спортот, па се откажуваат мечеви или во поблага форма се играат без присуство на гледачи, ама еден случај веќе го надминува лудилото.

Италија е најголемо жариште моментно во Европа, па во Израел решија да бараат промена на судии за меч на Хапоел Ерусалим во ФИБА Лигата на шампионите, зашто им биле делегирани Италијанци.

Израел засега нема ниту еден потврден случај на коронавирус, па Израелците не сакаат евентуално некој да им го донесе новиот Ковид-19, иако судиите не се заразени.

Мечот Дарушафака – Виртус во Еврокупот, пак, е под знак прашалник дека ќе се игра во Турција зашто сите летови Турција ги укина за Италија за да се спречи заразата.