Тежок пораз на Ц. Звезда од Милано, ЦСКА го совлада Зенит во руското дерби

Вечерва беа одиграни четири натпревари во кошаркарската Евролига, а Црвена Звезда нема по добро да го памети мечот против Милано затоа што загуби со 72-93, додека ЦСКА Москва во руското дерби го совлада Зенит Санкт Петербург со 86-74.

Ц. Звезда не можеше да направи ништо против италијанскиот ривал, кој ги доби убедливо првата и третата четвртина, во кои практично го реши натпреварот. По првите 10 минути резултато беше 22-12, по што на полувреме гостите заминаа со 47-36.

И во третата четвртина Милано беше одличен бидејќи ја доби со 28-15, со што дополнително го зголеми нивното водство и го реши прашањето за победникот на натпреварот (93-72).

Пантер беше најдобар во екипата на Милано со 23 постигнати поени, додека кај Ц. Звезда најефикасен беше Лојд со 22.

Голема борба беше забележана на руското дерби во текот на речиси целиот натпревар, а ЦСКА ја доби првата четвртина со 22-18, по што Зенит израмни во продолжение, но тоа не им беше доволно и гостите на пауза заминаа со 48-42.

Битката се водеше и во второто полувреме, а по израмнетата трета четвртина (15-15), ЦСКА заигра подобро во финишот и се избори за нов триумф во Евролигата со 86-74.

На останатите натпревари Реал Мадрид загуби од Анадолу Ефес со 83-108, а Жалгирис ја совлада Алба Берлин со 96-86.