
Што дочека Обрадовиќ: Будуќност го украде Американецот кој беше пред потпис со Партизан!
Јоги Ферел, плејмејкер со богата НБА-кариера и искуство во АБА, е нов кошаркар на најголемиот црногорски клуб, каде што заврши по настапи за екипи како Бруклин, Далас, Сакраменто, Кливленд, ЛА Клиперс. Тој кариерата ја почна на Универзитетот во Индијана, а најдобрата сезона ја имаше како член на Далас Маверикс, каде што имаше просек од 10,5 поени и 3,5 асистенции. Најдобриот меч за „телињата“ го одигра против Портланд кога постигна 32 поени.
„Тој е само третиот недрафтиран играч кој постигнал најмалку 30 поени во неговите први 15 натпревари. Во тој натпревар погоди девет тројки од 11 обиди и со тоа го израмни рекордот по број на тројки од новајлија“, напишаа од Будуќност.
Во Европа настапуваше за Панатинаикос и Цедевита Олимпија, а во клубот од Љубљана беше најдобар стрелец во Еврокупот.