Шортс пак е најкорисен играч на колото во Евролигата

Плејмејкерот на Париз и македонски репрезентативец, Ти Џеј Шортс одбележа уште едно коло во Евролигата.

Тој е прогласен за МВП на колото, трет пат оваа сезона, откако блескаше во дуелот против Олимпија Милано, одигран во вторникот. Плејмејкерот на Париз постигна 24 поени, 10 скока и 6 асистенции за индекс 37, највисок во овој круг. Повеќе МВП признанија од Шортс оваа сезона има само кошаркарот на Олимпијакос, Александар Везенков - 5.

Ти Џеј Шортс е најзаслужен што Париз и по 30 кола се уште е во игра за директен пласман во плејофот од Евролигата. Во моментов има биланс 17/13 и е на делба од петтото до осмото место, заедно со Барселона, Црвена Звезда и Баерн.