Русите прават револуција во спортот: Клуб ангажираше робот-тренер

За првпат во историјата вештачка интелигенција ќе биде вклучена во работата на стручниот штаб на некој тим.

Кошаркарскиот клуб Парма од рускиот град Перм ангажираше робот-тренер, кој треба да им помогне да постигнат подобри резултати.

Основна задача на новиот член на стручниот штаб ќе биде да собира и обработува податоци во текот на дуелите и анализите да ги предава на главниот тренер Казис Максвитис.