Револуција во Евролигата - ќе има повеќе тимови и нов систем на натпреварување?

Грчкиот медиум „Газета“ објави дека се подготвуваат револуционерни промени во елитната кошаркарска Евролига, односно ќе има повеќе тимови, но и нов систем на натпреварување.

Раководството на лигата сака да го зголеми бројот на учесници, а ќе воведе и ограничување за трошоци, но и промена на системот на натпреварување.

Лигата ќе се прошири од 18 на 20 екипи, а во план е зголемување и на акционерското друштво, а засега не се знае дали меѓу нив се српските гиганти Црвена Звезда и Партизан.

„Газета“ пишува дека има две опции за системот на натпреварување, и тоа едниот е да остане сè исто, односно да се играат четири меча повеќе, додека втората поверојатна опција е да се поделат екипите во две конференции како во НБА-лигата.

Промените не се конечни, односно допрва треба да се разгледаат, а не се очекува нивна примена пред сезоната 2025/26.