
Реаловци пред синоќешното „Ел класико“ се мотивираа со – гнасни навреди за Барса (ВИДЕО)
Денеска се појави видео-снимка од начинот на кој „кралевите“ се мотивирале пред дуелот со најлутиот ривал, кој заврши во нивна корист со 86-76, а во главна улога се најде клупскиот лекар.
„Ве чека натпревар против најголемата банда пацови во Евролигата“, им викал на играчите обидувајќи се да ги „запали“ за да го дадат максимумот во одмерувањето на силите против Барса.
Скандалот да биде поголем, овие зборови се слушаат и на снимката која ја објави клупската телевизија на Реал Мадрид.