Реал триумфално се враќа од Санкт Петербург, Баерн „замрзна“ на -29 во Истанбул

Реал Мадрид ја запиша осмата победа сезонава во Евролигата, откако денеска славеше на гостувањето во Санкт Петербург проти Зенит со 86-71.

„Кралевите“ уште во првото полувреме покажаа дека се подобар противник, откако првата четвртина ја добија со 22-19, а на полувреме заминаа со 44-37.

Во вториот дел домаќините се обидоа да го стигнат шпанскиот гигант, но не успеаа во својат намера, па на стартот на последната четвртина Реал веќе водеше со 66-56. До крајот на мечот, „кралевите“ одиграа сигурно и на крајот славеа со 86-71.

Кампацо со 19 поени беше најдобар, а Габриел Дек постигна 15 поени во победничкиот тим. Од друга страна, расположениот Ајон за Зенит постигна 18 поени и 10 скокови

Во вториот меч кој се одигра вечерва славеше Анадолу Ефес со убедливи 104-75 за деветта победа сезонава.