Реал Мадрид во драматичен меч славеше против Макаби со тројка во последни секунди

Реал Мадрид во фантастичниот меч од второто коло во Евролигата славеше против Макаби со 86-85, откако Џејси Керол на 2,4 секунди до крајот погоди тројка.

Израелскиот тим играше фантастично, па беше на чекор до вистинска сензација во Мадрид, но сепак „кралевите“ може да му се заблагодарат на Керол, кој ги спаси во последни секунди.

Најдобар во редовите на Реал Мадрид беше Џордан Микеј со 16 поени и 11 скокови, додека кај Макаби најефикасен беше Вилбекин со 22 поени.

На вториот меч кој се играше во ист термин, Лион славеше против Панатинаикос со 79-78.