Димитријевиќ се огласи по трансферот: Одиме на двојна круна и плејоф во Евролигата
Кошаркарот му се приклучува на новиот клуб и најверојатно ќе дебитира в среда на дуелот против Басконија во Евролигата. По потпишувањето, Димитријевиќ ги сподели првите импресии за новиот клуб со кого ќе се обиде да освои нови трофеи во својата кариера.
„Баерн е одлична и многу почитувана организација, а кога тренерот Светислав Пешиќ ќе ве повика, тоа е чест и привилегија. Навистина сакав да се вратам во Евролигата и сакам да помогнам да се добијат што е можно повеќе натпревари веднаш. Тимот сака да ја освои титулата во домапното првенство и Купот и да се бори за место во плејофот во Евролигата до последниот натпревар. Ќе ја вложам целата моја енергија и борбен дух за да имаме шанса да победиме во секој натпревар“, рече Димитријевиќ.
Германскиот првак се наоѓа на 18. место на табелата во Евролигата со шест победи на 19 натпревари, но е голем фаворит за титулата во германското првенство каде има убедлива предност пред ривалите.