Пресвртот на Србија - најголем во историјата на Олимписките игри

Кошаркарската репрезентација на Србија ја победи Австралија и обезбеди пласман во полуфиналето од олимпискиот турнир.

До триумфот, „орлите“ дојдоа и покрај тоа што во втората четвртина губеше со 24 поени разлика. Пресвртот што го направи српскиот национален тим е најголем во историјата на Олимписките игри бидејќи никој никогаш не се вратил и не победил по негатива од 24 поени.

Во полуфиналето, Србите ќе играат против победникот од дуелот меѓу САД и Бразил кој е на програмата вечерва.