Партизан прави реконструкција на тимот - си оди и Ледеј

Целосната промена во тимот, Партизан ја почна со своите главни играчи од последните три сезони.

По Кевин Пантер, од тимот си оди и Зек Ледеј за кого бројни европски медиуми тврдат дека се враќа во Олимпија Милано. Наводно, тој веќе потпишал двегодишен договор со италијанскиот првак и деновиве се очекува тоа да биде официјално потврдено од двата клуба.

Американецот со азербејџански пасош дојде во Партизан од 2021 година, а претходно, една сезона помина токму во Олимпија Милано со која триумфираше во Купот на Италија.