Аврамовиќ постигна 30 поени, Партизан го скрши Анадолу Ефес

Српскиот гигант Партизан славеше со 100-90 против Анадолу Ефес во 27. коло од кошаркарската Евролига и остана во игра за плејоф во натпреварувањето.

Ефес ја доби првата четвртина со 20-17, но „црно-белите“ со голема поддршка од трибините стигнаа до пресврт на полувремето (43-40).

Партизан го чуваше водството сè до средината на последната четвртина, кога турскиот тим го засили темпото и поведе со 73-72, меѓутоа домаќините не дозволија изненадување и во завршницата го скршија ривалот (100-90).

Аврамовиќ го заврши натпреварот со 30 поени, два скокови и три асистенции, додека Клејбрн постигна 17 поени и четири скокови за Анадолу Ефес.

Партизан е на 11. мессто во лигата со 13 победи и 14 порази, додека Ефес остана на 15. позиција со 11 триумфи и 16 порази.

Останати резултати:

Алба Берлин – Макаби Тел Авив 71-106
Виртус Болоња – Валенсија 87-74
Реал Мадрид – Панатинаикос 86-97