
Олимпијакос потврди: Петрушев се врати во европската кошарка
Поранешниот играч на Црвена Звезда, Анадолу Ефес и Мега потпиша договор на три години со Олимпијакос откако во период од еден месец смени три екипи во НБА: Филаделфија, Лос Анџелес Клиперс и Сакраменто. Настапи на три натпревари со вкупно 3,3 минути и три поени што е далеку од посакуваното во својата прва епизода во најсилната светска кошаркарска лига.
Петрушев веднаш ќе му се стави на располагање на Јоргос Барцокас и се очекува да дебитира веќе в четврток, на гостувањето кај Монако, во 11. коло од Евролигата.