Официјално: Ѓорѓевиќ е нов тренер на Фенербахче (ФОТО)

Игор Кокошков неодамна го напушти Фенербахче, а на негово место денеска беше промовиран Александар Ѓорѓевиќ.

Ѓорѓевиќ претходно го раскина договорот со Виртус Болоња со кој го освои италијанското првенство, па следната сезона ќе се бори со нови предизвици од кормилото на Фенербахче.

Поранешниот селектор на Србија е трет Србин на клупата на турскиот гигант со кој потпиша тригодишен договор.