Нов предизвик за Македонецот: Нено пред преселба во клубот каде Лечиќ беше бог
Поранешниот шампион на Грција за кого играа Никос Галис и Панајотис Јанакис, а своевремено тренер беше Лазар Лечиќ, сака да се врати на старите патеки од пред четири децении и почнува со изградба на нова екипа која ќе се бори за трофеите и во домашните натпреварувања и на европска сцена. Преговорите меѓу Димитријевиќ и Арис се во поодмината фаза и многу е веројатно дека ќе дојде до конечен договор.
Нено во моментов е член на Баерн со кого ќе се бори за шампионската титула во Бундеслигата, а ако се пресели во Арис, идната сезона нема да игра во Евролигата, но барем ќе биде достапен за македонската репрезентација во борбата за пласман на Европското првенство во 2029 година.