Најплатениот играч во Европа не сака да ја смали платата

Никола Миротиќ е сериозен проблем за кошаркарскиот клуб Барселона. Најдобриот кошаркар во АЦБ-лигата за минатата сезона не сака ниту да слушне за намалување на платата. 

Барселона е во сериозни финансиски проблеми, а дел од фудбалерите на клубот се согласија на помали плати за дури 25 отсто од она што им стои во договорите. Многу фудбалери си заминаа, а имаше промени и во кошаркарскиот клуб.

Сепак, најплатениот играч на Каталонците, Миротиќ не сака да прифати помала плата. Тој моментално заработува четири милиони евра годишно, што го прави најплатен играч во Европа.

Поранешната НБА-ѕвезда потпиша за Барселона во 2019 година, а лани потпиша нов договор до јуни 2025 година.