Најголема плата за најголемиот: Обрадовиќ добро ќе наплати од Јанакопулос
Деветкратниот европски шампион денеска официјално е претставен како нов тренер на ПАО со кого потпиша договор на три години за вкупно 10,5 милиони евра со што ќе биде убедливо најплатен во Евролигата и воопшто во европската кошарка. Ако го одработи договорот до крај, кога тој ќе истече, Обрадовиќ ќе има полни 69 години.
Пет од деветте титули во Евролигата, Обрадовиќ ги освои со Панатинаикос, но последен пат во елитното натпреварување триумфираше пред девет години кога го предводеше Фенербахче. Многумина затоа го сметаат потегот на Јанакопулос како коцкање и покрај претходните успеси на Жељко.