Најдобриот руски кошаркар се врати во ЦСКА Москва

Алексеј Швед откако го напушти Химки повторно се врати во редовите на најславниот руски клуб ЦСКА Москва по девет години.

Кошаркарот кој има 32 години играше за ЦСКА од 2006 до 2012 година, а потоа играше за Химки и Динамо, пред да замине во НБА-лигата. Неговата кариера во најсилната светска лига траеше кратко и во 2015 година повторно се врати во Химки.

Швед потпиша едногодишен договор со „арамејците“ со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.