Лидерот ЦСКА Москва со седма победа по ред на домашен паркет (ВИДЕО)

ЦСКА Москва ќе остане на лидерската позиција во Евролигата и по 19.коло откако денеска го совлада Жалгирис со 83-73. 

За рускиот гигант ова беше седма победа по ред на домашен паркет и сега има скор од 15-4 на врвот на табелата. Мајк Џејмс беше најдобар кај ЦСКА со 21 поен, Токо Шенгелија имаше 18 поени. Мариус Григонис со 16 поени беше најефикасен кај Жалгирис.

Баерн Минхен со 82-80 го совлада Зенит. Вејд Болдвин ги предводеше „баварците“ со 17 поени, Владимир Лучиќ и Џејлен Рејнолдс постигнаа по15 поени. Артурас Гудаитис постигна 22 поени кај гостите од Русија.

На последниот натпревар вечерва, Панатинаикос беше убедлив против Вилербан со 88-71.