Крвник: Литванска ѕвезда со удар со лакт го нокаутираше противник (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на Литванија, Дарјуш Лавриновиќ уште игра кошарка, иако има 40 години. Тој во моментов е член на Витис и на моменти е многу нервозен, а тоа го покажа на последниот дуел.

Во тек на натпревар од летната лига, кошаркарот во еден момент силного удри ривалот со лакт и го турна на паркетот.

За да биде уште полошо, Лавриновиќ не го удри противникот за време на игра, туку го нападна кога беше прекината играта.