Кошаркар на Реал Мадрид го патосира легендарниот Дејвид Блат! (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид, синоќа, излезе како подобра од евролигашката пресметка со Олимпијакос во меч кој ќе остане запаметен и по неверојатната случка по која на паркетот заврши тренерот на гостинската екипа – легендарниот Дејвид Блат.

Виновник за тоа беше „кралскиот“ Американец, Ентони Рендолф, кој буквално го патосираше стратегот на составот од Атина. Секако, ова не беше некаков голем инцидент, туку случајност со оглед што Блат му се најде на патот во обид да се врати на својата половина. Без разлика тоа, случката беше забележана и донесе голем број коментари на социјалните мрежи.