
Кошаркар на Фенербахче за малку ќе останеше без око - доби паричка во глава (ВИДЕО)
Атмосферата беше жешка, домашните навивачи дивееја од самиот почеток, што кулминира во вториот период кога средбата беше во прекин, но и кога Израелецот само се струполи на паркетот. Дури подоцна стана јасно дека е нешто сериозно, а тренерот на Фенер, Димитрис Итудис, објасни дека Мадар дури можел и да остане без око ако паричката го погодела само неколку милиметри подолу.
Тој храбро остана на теренот и мечот го догледа од клупата со преврска на главата. Прекинот траеше десетина минути, по што средбата се доигра и заврши со триумф на Бешикташ (68-64).