Капитенот на Панатинаикос е најновото засилување за Партизан

Јоанис Папатру го напушти Панатинаикос и се пресели во редовите на Партизан. 

Крилниот кошаркар зад себе има девет сезони во Евролигата, па треба да биде едно од најголемите засилувања за тимот на Жељко Обрадовиќ за претстојната сезона во елитата. Изминатата сезона Гркот имаше просек од 12 поени и 3.2 скока во Евролигата.

Тој е вкупно четвртото големо засилуваење за „црно-белите“ по Данте Егзум, Данило Анџушиќ и Џејмс Нанели.