Итудис збесна при еден тајмаут: Изгледате како нивни ку*ви! (ВИДЕО)

Екипата на ЦСКА Москва забележа нова победа во Евролигата, откако славеше на гостувањето кај Алба Берлин со 82-66.

Гостите не стартуваа најдобро и постојано беа на еден до два коша разлика, но потоа во главна улога стапи тренерот на ЦСКА, Димитрис Итудис. Тој повика тајмаут во втората четвртина откако неговиот тим до тој момент имаше дури 11 топки загубени топки.

Изгледате како нивни ку*ви. Изгледаме дека сме нивни ку*ви. Тие не притискаат и ние само ги губиме топките. Секој од вас, се изнавика Итудис на своите избраници.

Во првиот натпревар за денеска, Жалгирис славеше на домашен терен против Лион со 70-56.