Историја: Руски клуб вработи робот за – помошник тренер! (ФОТО)

Звучи малку нереално, ама вистинито е – руски кошаркарски клуб вработи за тренер вистински робот. И доби функција да биде помошник на главниот тренер.

Парма од Перм синоќа потпиша договор со роботот, кој го засилува стручниот штаб. Роботот е дело на компанијата „Промобот“ и ќе му биде аналитичат на тренерот Казис Маквитис. Новото засилување ќе треба да пробира и анализира информации, од кои потоа тренерот ќе има комплетна слика околу ефектот на своите кошаркари.

Како што е најавено, роботот ќе користи одредени мрежи и ќе ги процесуира статистичките индкатори на играчите, ќе врши пресметки користејчи различни статистички параметри и потоа сите тие информации ќе му ги дава на главниот тренер. Ќе анализира само кога Парма ќе биде домаќин, а на гостувања засега нема да оди.

Ова е првпат во историјата вештачката интелигенција да се вклучи во работата на еден професионален спортски клуб.