Химки тргна фуриозно, но Макаби беше премоќен на крајот!

Химки имаше одличен старт на мечот против Макаби Тел Авив, но на крајот загубија со 71-76 во 28. коло од Евролигата.

Домаќините тргнаа фуриозно, а на средината на првата четвртина имаа предност од +14(19-15), која до крајот се „стопи“ на 24-15. Како минуваше времето, Макаби играше многу подобро, па во финишот на втората четвртина успеа да направи пресврт и на полувреме да замине со предност од еден поен, односно 40-39.

Во второто полувреме, Химки направи пресврт и го врати водството од 42-40, но Макаби беше премоќен и во последната четвртина влезе со предност од 59-55.

Химки се обидуваше да се врати, но едноставно не им успеваше тоа, иако во еден момент стигнаа до 61-61, но сепак на крајот Макаби славеше со 76-71.

Алексеј Швед беше најдобар кај Химки со 17 постигнати поени, а Мајкл Рол постигна 17 поени кај Макаби.