Химки со победа над Макаби ТА стартуваше во Евролига

Во првиот меч од новата сезона во Евролига, екипата на Химки славеше на домашен терен против тимот на Макаби Тел Авив.

Рускиот тим речиси во текот на целиот меч беше во резултатска позитива и на крајот сосема заслужено дојдоа го победата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Алексеј Швед со 22 поени, Ентони Жил постигна 18, додека Јанис Тима го заврши мечот со 17 коша. На спротивната страна Тарик Блек запиша 17 поени.

Химки во наредното коло пак ќе биде домаќин и ќе ја пречека шпанска Басконија, додека Макаби се соочува со тешко гостување кај Реал Мадрид.