Грците немаат 20 милиони евра: Панатинаикос ќе остане во Евролигата

Кошаркарите на Панатинаикос и следната сезона ќе играат во Евролигата, откако тоа беше решено на денешниот состанок на главните луѓе на елитното натпреварување и на клубот од Атина.

Раководството на Панатинаикос ја повтори желбата да се пресели во Лигата на шампиони, но од таа идеја се откажаа откако за „излез“ од Евролигата ќе мораше да платат 20 милиони евра.

Евролигата во официјално соопштение ја објасни одлуката за одбивање на барањата на Панатинаикос, кој не сакаше да ги исплати долговите.