Голема победа: Пред два месеци му открија рак, а сега се врати на кошаркарскиот терен!

Екипата на Виртус Болоња го декласира тимот на Тортоно (99-70) во меч од 10. коло на италијанската Серија А, во кој главна бест беше враќањето на теренот на италијанскиот репрезентативец, Ахил Полонара.

Нему на почетокот на октомври му беше дијагностициран тумор на тестисите и мораше да оди на операција, која мина успешно, по што беше подложен на хемотерапија и неодамна доби лекарска дозвола да се врати на теренот.
 
Полонара мечот го заврши со 5 поени за осум минути поминати во игра, додека Шенгелија постигна 16 поени и имаше 7 скока и 6 асистенции, а Огњен Добриќ додаде 11 поени, 3 скока и 2 асистенции во победничкиот состав.