Гасол ќе ги предводи Шпанците на ОИ во Токио

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација, Серхио Скариоло објави список од 18 кошаркари на кои ќе смета на Олимписките игри (ОИ) во Токио.

Скариоло ги избра неговите борци за големото натпреварување, кое ќе се одржи од 23 јули до 8 август, а на него ќе настапи и 40-годишниот Пау Гасол кој се враќа во репрезентацијата.

На Гасол ова најверојатно ќе му биде последно големо натпреварување на кое ќе се обиде да го освои златниот медал, а од 25 јуни во Мадрид со неговите колеги од репрезентацијата ќе ги почнат подготовките за ОИ.