Фенербахче шокиран на домашен терен, Димитријевиќ максимално ефективен

Италијанскиот шампион Олимпија Милано ја оствари петтата победа во последните шест кола откако денеска славеше на гостувањето кај лидерот во Евролигата, Фенербахче со 91-85.

Тимот предводен од Еторе Месина не само што доминираше во текот на целиот меч, туку во последната четвртина водеше и со 17 поени разлика. Во финишот Фенербахче се доближи на само четири поени негатива (85-89), но тоа се случуваше во последните секунди и немаше време за целосен пресврт на турскиот клуб.

Најдобар играч на натпреварот беше Никола Миротиќ кој постигна 29 поени и 9 скока за индекс 38, но се истакна и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Тој на теренот помина само 19 минути, но максимално го искористи времето, постигнувајќи 15 поени, 4 асистенции и 2 скока за индекс 17, втор највисок во редовите на италијанскиот тим.