Фенербахче се засили од шампионот, нова „бомба“ во Барса

Откако си заминаа неколку кошаркари од турскиот гигант Фенербахче, конечно „изгреа сонце“ за предводникот Жељко Обрадовиќ. Изминативе неколку дена се пишуваше дека Нандо де Коло е пред потпис со „црно - жолтите“, а сега добивме и официјална потврда за тоа.

Де Коло во Фенер пристигна откако му пропадна идејата за враќање во НБА лигата. Правата на Французинот ги имаше тимот на Торонто, но шампионот немаше намера да го врати, поради што набргу стана слободен агент. Токму поради тоа, Нандо одлучил да остане во Европа, а интерес за него покажа и тимот на Реал Мадрид, но сепак тој се одлучи за турскиот гигант. Тој во Истанбул доаѓа како актуелен шампион, откако со руска ЦСКА (М) ја освои Евролига.

Покрај Фенер, и Барселона може да се пофали уште едно големо големо име во своите редови. Имено, во Каталонкиот гигант пристигна Никола Миротиќ, кој ќе остане во Барса до 2022. По неколку години поминати во НБА лигата, Миротиќ реши да се врати во Шпанија и да заигра за лутиот ривал на Реал Мадрид (за кого играше во минатото). Со обој трансфер Барселона покажа сериозна амбиција да ја нападне титулата во Евполига наредната сезона.