„Евролигашката мафија нѐ е*е, а ние мора да молчиме и да трпиме!“

Никако да престанат големите тензии кои веќе со години се одвиваат на релација Евролига - Панатинаикос.

Тимот од Атина најави дека ќе се откажат од учеството во Евролигата и ќе играат во ЛШ, а денес првиот човек на Евролигата беше многу груб кон грчкиот тим после таквата изјава.

Тие многу добро знаат дека нема подобро сценарио за нив надвор од Евролигата. Ако ја напуштат лигата, ќе дојде некој друг, истакна Жорди Бартомеу.

Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, веднаш го возврати ударот.

Значи, нема подобро сценарио од тоа секоја недела да те е*ат мафијаши, да те третираат со непочитување во своите настапи, да те уценуваат со цел да ги наметнат своите диктаторски решенија, истакна Јанакопулос кој беше незадоволен од неисплатените финансиски обврски од страна на Евролига.